Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода 25-годишниот Ф.М. од село Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.
Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.







