Запалил сува трева за да ја исчисти нивата: предизвикал пожар на околу 3000 метри квадратни

Во дебарското село Бомово вчера во 18:50 часот, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода го лишија В.М.(40) од истото село.

Претходно било пријавено дека при чистење на неговата нива во атарот на селото запалил поголема количина сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3000 метри квадратни.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.   

Scroll to Top