Тетовка го запоставувала и малтретирала десетмесечното бебе

Ноќеска во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 35-годишната З.М. од Тетово.

Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 19-годишна ќерка.

Како што пријавила ќерка ѝ, З.М. го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе. Известени се Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Scroll to Top