Загина пешак од Велешко: го удрило возило и побегнало

Вчера околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од с.Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Oд здобиените повреди, пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top