На подрачјето на Гази Баба синоќа во 19:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(21) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 13:40 часот не застанал со мотоцикл на даден знак за запирање и со мотоциклот удрил во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







