Гостиварец им се заканувал на неговиот татко и брат поради нерасчистени имотно-правни односи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од гостиварско.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено, на 07.08.2026 во дворно место од куќата на неговиот 71-годишен татко, поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавениот упатил закани кон својот татко и членови на семејството, а подоцна со тврд предмет го оштетил стаклото и кровот на паркирано возило, во кое бил брат му, при што му упатил и закани.

Scroll to Top