Емили Ратајковски изгледаше спектакуларно на грчката премиера на филмот „Sacrifice“, каде што се појави заедно со своето момче, Ромен Гаврас.
Манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите во тесен црн фустан со длабоко деколте, давајќи му целосна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм, „Sacrifice“.
Позната по своите провокативни пози и смели модни избори – а сега и по врската со Гаврас – Емили очигледно уживаше во вниманието што го привлече.
Францускиот режисер Ромен Гаврас (45) се одлучи за поопуштен изглед, носејќи црно палто со поширок крој и сина кошула, додека цело време ја држеше раката околу Емили.
Емили својата смела комбинација ја надополни со златна чанта и чевли со високи потпетици и врвки што се врзуваа околу нозете, додека парот пристигнуваше во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“.
Неговиот најнов филм, „Sacrifice“, ја имаше својата премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова е негов прв филм на англиски јазик, а главната улога ја толкува Ања Тејлор-Џој, која игра религиозен фанатик што планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.
Во филмот исто така настапуваат Крис Еванс, Салма Хајек, Џон Малкович и Чарли XCX.
Ова појавување на Емили со Ромен доаѓа само неколку недели откако парот беше забележан како разменува нежности за време на неодамнешното патување во Рим.







