Тешко повреден возач на електричен тротинет во сообраќајка во Кавадарци

Маж од Кавадрци е тешко повреден во сообраќајка помеѓу автомобил и електричен тротинет.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосница од ул.„Галичка“ и ул.„Ресавска“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(43) од Кавадарци и електричен тротинет, управуван од Н.Д.(51) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот Н.Д., констатирани во Општа болница Кавадарци.

Scroll to Top