„Никогаш нема да ви го заборавиме ова“ – Трамп и’ се налути на Норвешка поради Нобеловата награда

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше одлуката Нобеловата награда за мир да не му биде доделена нему, оценувајќи ја како срамна и навредлива и тврдејќи дека таа претставува „трајна дамка“ за Норвешка.

Трамп ова го изјави на предизборен собир во Сиракуза, во американската сојузна држава Њујорк, неколку часа по објавувањето дека годинашната Нобелова награда за мир ѝ е доделена на Нави Пилај, поранешна судијка на Меѓународниот кривичен суд, која го надгледувала извештајот на Обединетите нации во кој се заклучува дека Израел извршил геноцид во Газа.

„Ова е трајна дамка за Норвешка и за луѓето кои донесоа толку срамна и навредлива одлука“, изјави Трамп.

Тој ја нарече Пилај „мистериозна личност“, тврдејќи дека јавноста не знае која е таа.

Американскиот претседател наброја неколку конфликти за чие решавање тврди дека придонел, меѓу кои и спречување војни меѓу Северна и Јужна Кореја, Јапонија и Северна Кореја, како и Кина и Тајван.

Трамп оцени дека Нобеловата награда за мир го изгубила кредибилитетот поради, како што рече, „неколку радикални идеолози“ кои се противат на демократијата и се „непријатели на цивилизацијата“.

„Порака до Норвешка: Никогаш нема да ви го заборавиме ова“, порача Трамп.

 

Scroll to Top