Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на
променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Од утре до почетокот на
наредниот викенд ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен, соопшти УХМР.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени, а максималната од 14 до 22 степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 14 и дневна до 20 степени Целзиусови.

Scroll to Top