Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат 69-годишниот Е.П. од Грција, кој бил во лов со пријатели.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката која починатиот ја носел со себе е подигната од увидна екипа за понатамошна постапка.

Scroll to Top