Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, извести МВР.
„Од нив 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.У.(30), А.С.(29), С.Р.(36), Р.С.(35), Г.Б.(45), 21-годишната Е.Ш. и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско, С.Х.(28) од с.Лавце, тетовско, Ј.Л.(44) од Струга, И.Д.(49) од с.Клечовце, кумановско и 14-годишник од с.Дебреште, општина Долнени, кое се лишени од слобода. Додека пак, полициски службеници извршиле службен разговор со 16-годишник од тетовско, во присуство на родител, поради тоа што управувал патничко возило без возачка дозвола.
Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.П.(23) од Скопје и С.М.(28) од Делчево. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Б.М.(32) од с.Мршевци, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.







