Дали сте слушнале?

  • Еден човек толку длабоко верувал во реинкарнација што во тестаментот целиот имот си го препишал сам на себе!
  • Еден наш политичар (а кој друг?) тврди дека во нашата земја би имало секогаш убаво време, кога климата не би се расипувала!
  • Едно дете рече дека ќе побегне од дома кога неговите родители ќе добијат стан!
  • Има и  чесни газди. Во еден наш ресторан храната е толку лоша што на влезната врата пишува: „ОТВОРЕНО, ЗА ЖАЛ“
  • На почетокот бракот еден брачен пар бил многу среќен, но невољите почнале кога излегле од канцеларијата на матичарот!
  • Некои наши писатели во светот се непознати,  ама во своето село уживаат светска слава!
  • Парите и моќта што ги стекнал воопшто не го промениле. Останал истиот гад каков што бил!
  • Еден голем должник добил главна премија на лото, ама не ги враќал долговите за да не го оговараат дека парите го промениле!
  • Еден новопечен богаташ толку многу се збогатил, што на своето куче му купил дете за има со кого да си игра!
  • Една девојка била толку слаба што кога еднаш изела маслинка, веднаш ја однеле на породилно!
  • Нејзиниот дечко е уште послаб. Носи пругаста пижама со само една линија!
  • А неговиот брат е толку слаб, што мора два пати да влезе некаде, за да се види дека влегол!
  • Толку е лош голман што не може да фати ни грип во ек на епидемија!
  • Малерозен тип е оној што и црните мачки го одбегнуваат тој да не им помине преку патот.
  • Таков малер сум што и на напревар за малерозни нема да го освојам првото место!
  • Има средство за смирување кое не ве смирува, ама ве прави среќни дека сте напнати!
  • Има луѓе кои ги валкаат рацете миејќи го лицето!
  • Прочитав многу написи за штетноста на пушењето. Што направив после? Престанав да читам!
  • Многу наши месари сакале да бидат неврохирурзи, ама не можеле да се помират со толкава разлика во приходите!
  • Многумина тврдат дека не одбегнуваат работа туку дека нема интерес за нивниот стручен профил во заводот за вработување, каде што се пријавиле како робови на галија!
  • Во едно домаќинство толку е валкано што гостите ги бришат кондурите кога ќе излезат!
  • Во истото тоа домаќинство парите ги чуваат под сапун!
  • Еден несреќник се жалел дека страда од комплекс на инфериорност.  Пријателите го смирувале дека тоа не е никаков комплекс, туку дека тој е навистина инфериорен!
  • Еден наш гледач изјави дека нема ништо против домашните ТВ серии, само жали дека степенот на интелигенција не му е понизок за да ужива во нив!
  • Еден човек доживеал сто години благодарејќи на печурките. Никогаш не ги јадел!
  • Триесет години се најубави за жената, особено ако има четириесет!
  • Алхохолот пополека убива? Па што? И така никаде не брзам!
  • Нашиве глумци постојано играат во напнати филмови. До последен момент не знаат дали ќе добијат хонорар!
  • На една дама во поодминати години,пластичните хирурзи не можеле да и го подигнат лицето, па и го спуштиле телото!
  • Некој има семејно стебло а некој нема ни семејна саксија!
  • Добрите девојки се добри, ама лошите се уште подобри!
  • Едно место било толку здраво што мештаните морале да убијат некого, за да може да им стартуваат гробиштата.
  • Животот му е толку монотон што мора да брои овци за да остане буден!
  • Постојат два основни начини да се пријде на жена. И двата се погрешни!
  • Јас сум газда во мојата куќа! Мене никој не може да ми нареди како да ги мијам садовите!
  • За разлика од славните личности, тој носи темни наочари за да сокрие кој не е!
  • Во нашите пошти се примаат само двојазични службеници. Тие се многу попродуктивни кога лижат марки!
  • Многу наши функционери добија кила залудно напнувајќи да го подигнат својот углед!
  • Во ситуации опасни по живот, наместо присуство на духот, од многу попрактична корист е одсуство на телото!
  • Тој доаѓа од еден наш крај каде што кибритот се продава со упатство за употреба.
  • Истиов глупак својата жена никогаш не ја изведува затоа што мајка му го советувала да не излегува со мажени жени!
  • Ги сака сите годишни времиња во Скопје. Кога е зима сака лето, во лето сака зима…
  • Тој е најголем хипохондар. Наместо со лекар, се консултира со гробар!
Scroll to Top