Сите го фалат Емил Сиоран, затоа што не ја читале Тања Аждаја. Дијамантски ум. Никој не е како нејзе, дури ни она! Како ѝ текнуат вакви работи, само господ знае. За разлика од сите што не престанале со фотографии, Тања никогаш не ја објавува својата. Да не ја урочат!
- Погалив комета и задоволно замавта со опашот.
- На лактозонската обвивка ѝ се родило тетрапакче, ќе им одам на млекици.
- Ја измеркав монетата од глава до петка.
- Шпагетава се вика Ал. Ја сакам како свое денте.
- Трутољубива пчелка заминува на пчелабарство во друг сандак.
- Пчела работничка оди на одмор на Ажурна обала.
- 10 години ја молам шнајдерката да ми стави ракави на елекот и денес конечно се согласи. Упорноста се исплaти.
- Сакоата од 90ти ме прават потполнка личност.
- Стивен Хоукинг бил љубопитен за космосот или по нашки – сакал да оговара вонземјани.
- На вашата сметка имате 0 денари. Но тоа не е сѐ!
- Не ги собирам трошките од земја, сакам да ги познавам глувците по карактерот.
- Везилке, ти поарна да не си?!
- Третосложни браќа граматика градат.
- Тука е 4 саати понапред од кај тебе. – Моето пладне е попладне од твоето.
- Могул од Скопје: Смогул.
- Уметноста е емоцијата на математиката.
- Некои читаат само за да не мора да мислат.
- Отрезнителни околности.
- Автопатам.
- Хендсамувам.
- Отворив фирма за потребални услуги.
- Се трудев да го анимирам курсорот со одење во нов ред, но ништо не му беше интересно.
- Сфатија дека за да имаат подобра врска потребно е да се разделат.
- Се облекувам за да личам на човек.
- Геометриската фигура во трето доба е тродимензионер.
- Сакам инклузивно општество, ама јас да бирам кој ќе е во него.
- Дадов сѐ од себе за да ми е полесно.
- Ќе аплицирам за америчка криза.
- Си купив боксерски ракавици за да покажувам среден прст храбро и одлучно.
- Се јадам од нога.
- Мил ми е семафорот, но навивам за кружниот тек.
- Мамоо, несолена ми е супата 😢 – Плачи над тањирот.
- Немам возено мотор so far.
- Мразам кошмари отшто се мора.
- Чунга лунга прави инсектариум од Хуба буба.
- Откако почнавме да тонеме – ни тргна.
- Глувчето ми е партнер за тастатура.
- Треба помош околу храната? – Да, подржи ми ја диетата дур се најадам.
- Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш во мои очи?
- Шишај ме ко птеродактил, диносаурусокоса да бидам.
- Колку сум богата, сѐ ми е џабе.
- Добар ден. – Има и полошо.
- Сонцето се насмеа зајдливо.
- Третиот Њутнов закон не бира страна.
- Влезе во тунел, излезе во црна хроника.
- Може да се убедуваме дека немаме стереотипи, ама ти си црнец и не ти се познава кога лажеш.
- Приседни малце. – Не можам, не знам г’зот кај ми е.
- Преживеав блиска средба со дедлајн.
- Се шутирав од дома до работа.
- Министер сече лента и не дава жмигавец.
- Забавиште е голема забава.
- Ѕвезда алергична на прашина кива и станува комета.
- Не сакам да те плашам, но стомакот цел живот ти работи зад грб.
- Грицкам сончоглед за да не сум сама.
- Стресот ме сака таква каква што сум.
- Има ли пиво во авионот?
- Либертѐ полжав има јавна куќа.
- Губам време ко да некој ќе го најде.
- Откако почнавме да тонеме – нѝ тргна.
- Шишај ме ко птеродактил, диносаурусокоса да бидам.
- Колку сум богата, сѐ ми е џабе.
- Добар ден. Има и полошо.
- Сонцето се насмеа зајaдливо.
- Не сакам да те плашам, но стомакот цел живот ти работи зад грб.
- Платив за човек бесконтактно.
- Битно сенката ми е убава.
- Во паркот за блебетање, озборувачката го шеташе својот блабладор.
- Да живеев ко што сакам, ќе умрев ко што нејќам.
- Мртва среќна сум.
- Не е толку трудна, препишуваше на тестот за бременост.
- Ти ја пуштив по мејл, нели ти стига мојата младост?
- Ќе ми треба пиедестал да ти го дофатам мислењето за себе.
- Де ме не мислиш, де не ме мислиш. Многу си не постојам.
- Можеби хемоглобинот ми е низок, но прекрасен е.
- Како заработуваш за живот? Кој не ме знае скапо ме плаќа.
- Убиј ја и ќе те сака до смрт.
- Ана Каренина не сака неВронски мрежи.
- Не планирам со вас да се објаснувам што е ароганција. Испод части ми е!
- Никого не дискриминирам. И расистите се луѓе.
- Какво време дојде, човек не може да ти каже дека си грд без да го сфатиш лично.
- Изрази несогласување. Нека мислат дека знаеш што збориш.
- Продолжува…