Уапсен скопјанец во Неготино, ја нападнал и ѝ се заканувал на поранешната сопруга

34-годишниот И.П.С од Скопје вчера бил уапсен во Неготино  откако неговата 36-годишна поранешна сопруга пријавила дека упаднал во нејзиниот дом во Неготино.

Според пријавата, мажот ѝ упатил сериозни закани и физички ја нападнал. Благодарение на брзата реакција на полицијата, тој бил веднаш приведен и задржан во полициската станица.

За случајот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Неготино, а по целосното документирање на настанот против насилникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Нема информации за повреди на жената, но случајот повторно го отвора прашањето за заштитата од семејно насилство и потребата од брзи институционални реакции.

Scroll to Top