Кинескиот претседател испрати порака до САД без да ги именува

Кина повика на поголемо единство меѓу членовите на Шангајската организација за соработка, во која членуваат Русија, Индија, Иран и други земји кои не се членки на НАТО.

„Треба да најдеме заедничка основа, оставајќи ги настрана разликите“, рече претседателот Кси Џинпинг на самитот во кинескиот пристанишен град Тјанџин.

Кси, исто така, го осуди менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блоковите.

„Треба да се спротивставиме на менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блоковите, како и на актите на заплашување“, рече тој во малку прикриена алузија на Соединетите Американски Држави, кои не ги именуваше ниту еднаш во своето обраќање.

Кинескиот претседател нагласи дека Шангајската организација за соработка треба да ја преземе одговорноста за обезбедување мир, стабилност, развој и просперитет низ целиот регион.

Тој ги истакна достигнувањата на организацијата, вклучувајќи ја соработката во борбата против тероризмот и индустриските инвестиции, велејќи дека членовите на Шангајската организација заедно генерираат годишен економски производ од речиси 30 билиони долари.

фото: принтскрин

Scroll to Top