Бразил го освои ФИБА Америка Куп, Јаго МВП на турнирот

Бразилската кошаркарска репрезентација е новиот шампион на Америка. Во натпревар со малку квалитет и многу борба на ФИБА Америка Куп 2025, Бразилците го победија вечниот ривал Аргентина со 55:47 во Манагва, Никарагва.

Бразилците го осовија својот петти златен медал, но прв по 16 долги години. Бразил на Американскиот куп, низ историјата освоил 12 медеал.

Тимот предводен од клупата од хрватскиот стручњак Александар Петровиќ се врати на врвот за прв пат од 2009 година. Покрај петте шампионски титули, Бразилците имаат и три сребрени и четири бронзени медали во својата богата историја.

Натпреварот го реши капитенот Витор Бените, кој погоди клучна тројка една минута и 53 секунди пред крајот за водство од 55:45. Тој кош го запре налетот на Аргентина, која со серија од 7:0 го намали дефицитот на седум поени (52:45) и се закани со пресврт.

Претходно, во четвртата четвртина, бразилската клупа, предводена од Алексеј Борхес, Рејнан Сантос и Бените, започна серија од 10:2, со која Бразил се одлепи на +14 (52:38) пет минути пред крајот, создавајќи залиха што се покажа недостижна за Аргентинците.

За најкорисен (MVP) играч на турнирот беше прогласен Јаго Дос Сантос.

До неодамна, член на Црвена звезда, тој го водеше Бразил во финалето со 14 поени, два скока и пет асистенции, па затоа оправдано беше прогласен за најкорисен играч на Америка Купот, официјалното ФИБА првенство на Северна, Централна и Јужна Америка.

Заедно со Јаго, неговиот поранешен соиграч од Црвена звезда, Американецот Џавонте Смарт, како и сонародникот Бруно Кабокло, поранешен играч на Партизан, беа вклучени во идеалната петорка на турнирот.

Покрај нив место имаше и за Хуан Фернандез од Аргентина и Кишон Џорџ од Канада, која остана без медал бидејќи беше поразена од САД во „малото“ финале со 90:85.

Foto/ EPA

Scroll to Top