Николоски – Бутковиќ: „Суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците“

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид оствари работна средба со заменик претседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.

На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

„Николоски се заблагодари за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи и се заблагодари и за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска кои се од огромно значење за нашите превозници. На самата средба се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји и можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави“, соопштија од македонското министерство.

Scroll to Top