ССКМ: Глобална дигитална презентација на можностите за македонскиот бизнис

Сојузот на стопански комори на Македонија го продолжува трендот на дигитално надоградување и овозможување современа глобална комуникација за своите членки, соопштија од таму.

„Од денес, стартуваме со новата Б2Б платформа која ќе овозможи дигитално поврзување на повеќе од 10.000 македонски микро и мали компании.

Бизнис платформата преставува дополнителен дигитален прозорец кон светот отворајќи можност и лесна достапност за пребарување, за закажување состаноци и за продолжување на контакти со потенцијалните заинтeресирани страни од земјата и од странство.

Во следниот период, секоја компанија членка во деветте комори и повеќе групации при ССКМ, ќе има можност за крерање свој бизнис профил на Б2Б платформата, која е сегмент од ребрендираната интернет страница на ССКМ, каде што се овозможува презентирање на својот бизнис на исто рамниште насекаде низ светот“.

Со овој проект, ССКМ, поjаснуваат од таму, дополнително jа зајакнува свота улога како активен партнер на бизнис задницата, креираќи современи алатки за поврзување, за соработка и раст на компаниите.

Подвлекуваат дека дигиталните решенија и ваквиот тип на платформи се клучни за зголемување на конкурентноста на македонските компании, за олеснување на пристапот до нови пазари и поттикнување на меѓусебната соработка во бизнис секторот.

Сојузот на стопански комори на Македонија, во периодот што следува, ќе продолжи со фокусирана работа на повеќе полиња детектирани од нашите членки, за подобрување во македонскиот бизнис сектор преку зголемување на дигитализираните форми и услуги, со зајакнување на вештините кај вработените преку насочени обуки, со засилена промоција и комуникација – кон своите членки, кон бизнис заедницата во целина и кон генералната јавност.

„Овие активности ги спроведуваме во насока на зголемување на можностите за деловни средби и отворање нови потенцијали за македонскиот бизнис сектор, како и за активна вклученост во креирањето на државните економски политики, со силно учество на ССКМ во нивото креирање“.

Scroll to Top