Повеќе од половина век стариот знак со логото на „Алкалоид“ беше дел од препознатливата силуета на фабричкиот оџак во Автокоманда. Денес, зачуван во својата автентична форма и интегриран во уметничката инсталација на македонскиот артист Сатја Грабул, тој претставува трајно сведоштво за историјата на македонската фармацевтска индустрија.
Во првата половина на седумдесеттите години на оџакот бил поставен знак со логото на „Алкалоид“, со што овој некогаш функционален дел од фабриката добил ново значење и со текот на времето станал еден од најпрепознатливите визуелни симболи на компанијата.

Со цел да се зачува ова индустриско наследство, во 2012 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изработува проект врз основа на кој се извршени темелна санација и конструктивно зајакнување на оџакот висок ХХХ метри.







