Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Мицкоски: Голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“

15.10.2026, 10:11

Премиерот Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи извести „за уште една голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија ‘Кромберг и Шуберт’, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант ‘Ауди’“.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот.

Ова е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината. Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции.

Разликата постои и секој ден станува сè повидлива. Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина!

Поврзани вести