Porsche Skopje уште еднаш потврди дека автомобилите најдобро се доживуваат зад воланот. Отворениот ден, кој се одржа овој викенд, во продажно-сервисниот центар на компанијата, привлече повеќе од 800 посетители, додека беа реализирани над 300 тест возења со најновите модели од брендовите Volkswagen, Škoda, CUPRA и Audi.
Во текот на денот, посетителите имаа можност да избираат меѓу 26 тест возила, внимателно подготвени за да понудат вистинско искуство зад воланот. Тест возењата им овозможија на посетителите одблиску да ги почувствуваат комфорот, технологијата, безбедноста и возните карактеристики на секој автомобил.

Покрај можноста за тестирање на возилата, посетителите добија стручни совети од продажните консултанти на Porsche Skopje, информации за актуелните понуди и финансирање, како и можност да се запознаат со најновите технологии и иновации што ги нудат брендовите.

Настанот беше организиран како вистинско семејно доживување. За најмладите посетители беше подготвено детско катче со забавни активности и анимација, додека возрасните уживаа во музичка програма, освежување и пријатна атмосфера. Токму комбинацијата од автомобилско искуство и семејна забава придонесе Отворениот ден да биде место каде што секој посетител можеше да го помине денот на свој начин.

Големата посетеност и рекордниот број реализирани тест возења уште еднаш го потврдија интересот на македонските купувачи за најновите модели на Volkswagen, Škoda, CUPRA и Audi, како и довербата што клиентите ја имаат во Porsche Skopje.

Со ваквите настани, Porsche Skopje продолжува да ја гради својата филозофија на непосредна комуникација со клиентите, овозможувајќи им не само да ги разгледаат автомобилите, туку и лично да ги искусат нивните перформанси, технологија и удобност пред да ја донесат својата одлука за купување.
ПР







