Škoda Octavia полни 30 години: три децении како икона на брендот

· Првата Škoda Octavia од модерната генерација излезе од производната линија во Млада Болеслав на 3 септември 1996 година

· Во изминатите 30 години се произведени речиси 7,9 милиони Octavia

· Octavia одигра голема улога во развојот на Škoda како најпродаван модел на брендот низ четири генерации

Škoda Auto ја одбележува 30-годишнината на Octavia од модерната генерација, чието производство започна на 3 септември 1996 година. Оттогаш, моделот има централна улога во развојот на производителот на автомобили со седиште во Млада Болеслав, по неговото интегрирање во Volkswagen Group, комбинирајќи квалитет и практичност со докажаната технологија на Volkswagen Group. Денес, четвртата генерација на овој најпродаван модел се произведува во Млада Болеслав, Квасини и Костанај, Казахстан. Во изминатите три децении се произведени речиси 7,9 милиони единици.

Успешното оживување на историското име на моделот

Одлуката за повторно оживување на историското име Octavia, првично користено за модел произведуван во периодот од 1959 до 1971 година, беше донесена во текот на развојот на ново возило. Работата започна во 1992 година, една година откако Škoda Auto се приклучи на Volkswagen Group. Пристапот до технологијата на Групацијата го поддржа развојот на овој практичен автомобил, дизајниран од Дирк ван Бракел, тогашен раководител на дизајн во Škoda. Во меѓувреме, новиот производствен капацитет во Млада Болеслав го зголеми годишниот капацитет од 90.000 на 350.000 возила.

Првата генерација на Škoda Octavia liftback, со багажник од 528 литри, беше претставена на 4 април 1996 година; сериското производство започна на 3 септември истата година. Octavia Combi следеше во март 1998 година, а во 1999 година ѝ се придружи и верзија со погон на сите тркала, дополнително проширувајќи ја разновидноста на моделот. Во 2000 година дебитираше првата Octavia RS. Таа се покажа како многу успешна приказна: вкупно беа произведени 1,44 милиони единици, а избрани варијанти останаа во производство до 2010 година, иако втората модерна генерација на Octavia веќе беше претставена во 2004 година.


Следните генерации ги надградуваат јаките страни на моделот

Втората генерација ги надгради воспоставените јаки страни на Octavia, нудејќи уште повеќе простор во внатрешноста, со зголемен капацитет на багажникот за 32 литри. Подобрена практичност и нови технологии, како што е DSG менувачот со двојна спојка. До крајот на производството во 2013 година, беа произведени 2,6 милиони единици.

Третата генерација на Škoda Octavia, од 2012 до 2020 година, постигна слично високо производство и воведе напредни системи за помош на возачот и технологии претходно резервирани за возила од повисоките сегменти. Истовремено, таа имаше полесна каросерија, оптимизирани TSI и TDI мотори и верзија GreenLine. Вклучува технологии дизајнирани да ја намалат потрошувачката на гориво и емисиите, вклучително и специјална облога на подвозјето, рекуперација на енергијата при сопирање и пневматици со низок отпор при тркалање.

Третата модерна генерација на Octavia доби голем редизајн во 2017 година, со редизајниран преден дел со поделени предни светла, инфозабавни екрани со завршна обработка во стаклен дизајн и надградени системи за помош.


Четврта генерација: продолжување на успешното наследство

Актуелната, четврта генерација на Octavia дебитираше во ноември 2019 година во liftback и Combi каросериски изведби. По надградбата на почетокот на 2024 година, таа сега нуди дополнително подобрена поврзаност и безбедност, со до десет воздушни перничиња и системи за помош на возачот, вклучувајќи го системот за помош при внимание и поспаност. Нов алгоритам помага попрецизно да се процени нивото на замор кај возачот.

Octavia останува популарен избор меѓу приватните и деловните корисници на меѓународните пазари и има добиено бројни престижни меѓународни признанија, вклучувајќи повеќе награди Best Cars и Golden Steering Wheel.

По повод 30-годишниот јубилеј, Škoda Octavia доаѓа со специјална понуда за македонските купувачи. Јубилејната понуда вклучува подарок во вредност од 2.000 евра, а цената за Octavia започнува од 23.710 евра. Во рамки на Porsche Leasing пакетот, понудата е достапна со 20% учество, месечна рата од 236 евра и каматна стапка од 4,9%.

ПР

Scroll to Top