Skip to content
- Еден човек толку длабоко верувал во реинкарнација што во тестаментот целиот имот си го препишал сам на себе!
- Еден наш политичар (а кој друг?) тврди дека во нашата земја би имало секогаш убаво време, кога климата не би се расипувала!
- Едно дете рече дека ќе побегне од дома кога неговите родители ќе добијат стан!
- Има и чесни газди. Во еден наш ресторан храната е толку лоша што на влезната врата пишува: „ОТВОРЕНО, ЗА ЖАЛ“
- На почетокот бракот еден брачен пар бил многу среќен, но невољите почнале кога излегле од канцеларијата на матичарот!
- Некои наши писатели во светот се непознати, ама во своето село уживаат светска слава!
- Парите и моќта што ги стекнал воопшто не го промениле. Останал истиот гад каков што бил!
- Еден голем должник добил главна премија на лото, ама не ги враќал долговите за да не го оговараат дека парите го промениле!
- Еден новопечен богаташ толку многу се збогатил, што на своето куче му купил дете за има со кого да си игра!
- Една девојка била толку слаба што кога еднаш изела маслинка, веднаш ја однеле на породилно!
- Нејзиниот дечко е уште послаб. Носи пругаста пижама со само една линија!
- А неговиот брат е толку слаб, што мора два пати да влезе некаде, за да се види дека влегол!
- Толку е лош голман што не може да фати ни грип во ек на епидемија!
- Малерозен тип е оној што и црните мачки го одбегнуваат тој да не им помине преку патот.
- Таков малер сум што и на напревар за малерозни нема да го освојам првото место!
- Има средство за смирување кое не ве смирува, ама ве прави среќни дека сте напнати!
- Има луѓе кои ги валкаат рацете миејќи го лицето!
- Прочитав многу написи за штетноста на пушењето. Што направив после? Престанав да читам!
- Многу наши месари сакале да бидат неврохирурзи, ама не можеле да се помират со толкава разлика во приходите!
- Многумина тврдат дека не одбегнуваат работа туку дека нема интерес за нивниот стручен профил во заводот за вработување, каде што се пријавиле како робови на галија!
- Во едно домаќинство толку е валкано што гостите ги бришат кондурите кога ќе излезат!
- Во истото тоа домаќинство парите ги чуваат под сапун!
- Еден несреќник се жалел дека страда од комплекс на инфериорност. Пријателите го смирувале дека тоа не е никаков комплекс, туку дека тој е навистина инфериорен!
- Еден наш гледач изјави дека нема ништо против домашните ТВ серии, само жали дека степенот на интелигенција не му е понизок за да ужива во нив!
- Еден човек доживеал сто години благодарејќи на печурките. Никогаш не ги јадел!
- Триесет години се најубави за жената, особено ако има четириесет!
- Алхохолот пополека убива? Па што? И така никаде не брзам!
- Нашиве глумци постојано играат во напнати филмови. До последен момент не знаат дали ќе добијат хонорар!
- На една дама во поодминати години,пластичните хирурзи не можеле да и го подигнат лицето, па и го спуштиле телото!
- Некој има семејно стебло а некој нема ни семејна саксија!
- Добрите девојки се добри, ама лошите се уште подобри!
- Едно место било толку здраво што мештаните морале да убијат некого, за да може да им стартуваат гробиштата.
- Животот му е толку монотон што мора да брои овци за да остане буден!
- Постојат два основни начини да се пријде на жена. И двата се погрешни!
- Јас сум газда во мојата куќа! Мене никој не може да ми нареди како да ги мијам садовите!
- За разлика од славните личности, тој носи темни наочари за да сокрие кој не е!
- Во нашите пошти се примаат само двојазични службеници. Тие се многу попродуктивни кога лижат марки!
- Многу наши функционери добија кила залудно напнувајќи да го подигнат својот углед!
- Во ситуации опасни по живот, наместо присуство на духот, од многу попрактична корист е одсуство на телото!
- Тој доаѓа од еден наш крај каде што кибритот се продава со упатство за употреба.
- Истиов глупак својата жена никогаш не ја изведува затоа што мајка му го советувала да не излегува со мажени жени!
- Ги сака сите годишни времиња во Скопје. Кога е зима сака лето, во лето сака зима…
- Тој е најголем хипохондар. Наместо со лекар, се консултира со гробар!