Разноразни мисли од Тања Аждаја

Сите го фалат Емил Сиоран, затоа што не ја читале Тања Аждаја. Дијамантски ум. Никој не е како нејзе, дури ни она! Како ѝ текнуат вакви работи, само господ знае. За разлика од сите што не престанале со фотографии, Тања никогаш не ја објавува својата. Да не ја урочат!

  1. Погалив комета и задоволно замавта со опашот.
  2. На лактозонската обвивка ѝ се родило тетрапакче, ќе им одам на млекици.
  3. Ја измеркав монетата од глава до петка.
  4. Шпагетава се вика Ал. Ја сакам како свое денте.
  5. Трутољубива пчелка заминува на пчелабарство во друг сандак.
  6. Пчела работничка оди на одмор на Ажурна обала.
  7. 10 години ја молам шнајдерката да ми стави ракави на елекот и денес конечно се согласи. Упорноста се исплaти.
  8. Сакоата од 90ти ме прават потполнка личност.
  9. Стивен Хоукинг бил љубопитен за космосот или по нашки – сакал да оговара вонземјани.
  10. На вашата сметка имате 0 денари. Но тоа не е сѐ!
  11. Не ги собирам трошките од земја, сакам да ги познавам глувците по карактерот.
  12. Везилке, ти поарна да не си?!
  13. Третосложни браќа граматика градат.
  14. Тука е 4 саати понапред од кај тебе. – Моето пладне е попладне од твоето.
  15. Могул од Скопје: Смогул.
  16. Уметноста е емоцијата на математиката.
  17. Некои читаат само за да не мора да мислат.
  18. Отрезнителни околности.
  19. Автопатам.
  20. Хендсамувам.
  21. Отворив фирма за потребални услуги.
  22. Се трудев да го анимирам курсорот со одење во нов ред, но ништо не му беше интересно.
  23. Сфатија дека за да имаат подобра врска потребно е да се разделат.
  24. Се облекувам за да личам на човек.
  25. Геометриската фигура во трето доба е тродимензионер.
  26. Сакам инклузивно општество, ама јас да бирам кој ќе е во него.
  27. Дадов сѐ од себе за да ми е полесно.
  28. Ќе аплицирам за америчка криза.
  29. Си купив боксерски ракавици за да покажувам среден прст храбро и одлучно.
  30. Се јадам од нога.
  31. Мил ми е семафорот, но навивам за кружниот тек.
  32. Мамоо, несолена ми е супата 😢 – Плачи над тањирот.
  33. Немам возено мотор so far.
  34. Мразам кошмари отшто се мора.
  35. Чунга лунга прави инсектариум од Хуба буба.
  36. Откако почнавме да тонеме – ни тргна.
  37. Глувчето ми е партнер за тастатура.
  38. Треба помош околу храната? – Да, подржи ми ја диетата дур се најадам.
  39. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш во мои очи?
  40. Шишај ме ко птеродактил, диносаурусокоса да бидам.
  41. Колку сум богата, сѐ ми е џабе.
  42. Добар ден. – Има и полошо.
  43. Сонцето се насмеа зајдливо.
  44. Третиот Њутнов закон не бира страна.
  45. Влезе во тунел, излезе во црна хроника.
  46. Може да се убедуваме дека немаме стереотипи, ама ти си црнец и не ти се познава кога лажеш.
  47. Приседни малце. – Не можам, не знам г’зот кај ми е.
  48. Преживеав блиска средба со дедлајн.
  49. Се шутирав од дома до работа.
  50. Министер сече лента и не дава жмигавец.
  51. Забавиште е голема забава.
  52. Ѕвезда алергична на прашина кива и станува комета.
  53. Не сакам да те плашам, но стомакот цел живот ти работи зад грб.
  54. Грицкам сончоглед за да не сум сама.
  55. Стресот ме сака таква каква што сум.
  56. Има ли пиво во авионот?
  57. Либертѐ полжав има јавна куќа.
  58. Губам време ко да некој ќе го најде.
  59. Откако почнавме да тонеме – нѝ тргна.
  60. Шишај ме ко птеродактил, диносаурусокоса да бидам.
  61. Колку сум богата, сѐ ми е џабе.
  62. Добар ден. Има и полошо.
  63. Сонцето се насмеа зајaдливо.
  64. Не сакам да те плашам, но стомакот цел живот ти работи зад грб.
  65. Платив за човек бесконтактно.
  66. Битно сенката ми е убава.
  67. Во паркот за блебетање, озборувачката го шеташе својот блабладор.
  68. Да живеев ко што сакам, ќе умрев ко што нејќам.
  69. Мртва среќна сум.
  70. Не е толку трудна, препишуваше на тестот за бременост.
  71. Ти ја пуштив по мејл, нели ти стига мојата младост?
  72. Ќе ми треба пиедестал да ти го дофатам мислењето за себе.
  73. Де ме не мислиш, де не ме мислиш. Многу си не постојам.
  74. Можеби хемоглобинот ми е низок, но прекрасен е.
  75. Како заработуваш за живот? Кој не ме знае скапо ме плаќа.
  76. Убиј ја и ќе те сака до смрт.
  77. Ана Каренина не сака неВронски мрежи.
  78. Не планирам со вас да се објаснувам што е ароганција. Испод части ми е!
  79. Никого не дискриминирам. И расистите се луѓе.
  80. Какво време дојде, човек не може да ти каже дека си грд без да го сфатиш лично.
  81. Изрази несогласување. Нека мислат дека знаеш што збориш.
  82. Продолжува…
Scroll to Top