Идам некња на една свадба, одма после четириеседна година од матура. Мојата средношколска другарка Вики, позната мачкица од она време, го жени синот. Уредно нѐ покани (не баш) сите од наш клас, али мене одма ми беше јасно кој ќе дое, а кој не. Увек истите доаѓаат и увек истите не доаѓаат. Ги посматрам овие првиве и закључуам дека само по една ствар се разликуeме од оние вторите; ние седум – осум души сме одлучиле цел живот да го негуеме детето у нас, док овие другиве го имаат утепано уште у времето коа Тито првпут го заболе ногата.
Додека пичеше гласна музика со стиховите „Родиќу ти сина, краља кокаина…” и намаше никаква шанса за пристоен муабет, одма ми текна на советот што ми го даде баба ми Менка пред тачно пеес години:
– Сине, немој никад да пораснеш. Покушај да останеш дете до крајот на животот, и негуј го тој осеќај, пошто само така ќе можеш да ја осетиш неговата лепота.
Не го памтам тачно до слофце муабетот, али она што ми останало урежано и она по што потсвесно се руководам у животот, ќе го набацам у ова есејче.
Прва работа. Чоекот се мења константно, пошто Здравко Чолиќ у една пригода има отпеано „Ко не жели да се мења, воле га из сажаљења”, а за тоа најзаслужно е детето у тебе кое никад не се задоволуе со истите играчки и истите другари. Тоа учи и се надоградуе све додека е дете, а истото треба да го праиме и ние возрасните.
Друга работа. Животот е состаен од големи срања и мали задоволства. Срањата се неизбежни, што би значело дека треба да се радуеш на малите задоволства. И, нормално, да глеаш да ги има поише, пошто детето нема појма што се срања и ужива у секоја ситница.
Наравоучение : треба животот да го посветиш на игра и да бидеш вечито радознал. Треба да пееш на цел глас (на граница со дерење) док чекаш зелено на семафор, да џускаш иако покретите ти се ко да си голтнал сукало, да се истражуеш себе си, да се радуеш на ствари од Тему што коштаат по 200 денара, да се смееш на глупи фори „прво за второ”… Најбитно од све е да се радуеш кога некој од друштво ќе купи боља кола од твојата, кога ќе отидеш у Стење на циронки, а другар ти праќа селфи од Малдивите, кога у локалната биртија ќе јадеш џигер, а знаеш дека од каршија у фенси ресторанот спремаат некое морско чудовиште што кошта 300 евра пошто со самурајски покрети му ги требеле коските одма пред тебе.
Друго што кажа Баба Менка? Кажа дека треба да му се радуеш на секое сабајле. Да станеш кога се разденуе и да му бидеш захвален на животот што е прекрасен, или по нашки кажано – La Vita E Bella. И тоа, одма, коа ќе се разбудиш, ама баш одма, да почнеш да сонуваш и сањаш (ова се две различни ствари). У спротивно зацапуеш у сивило и старачка рутина. На овие години тоа би значело да ги броиш годините до пензија, да ги владееш сите апотеки у маало, да им мрчиш на децата дека у твое време било боље, а у друштво главна тема да ти биде дека младината отишла у курац.
Детето у тебе не ти даа да си даун, ти вика дека животните грешки (најчесто поврзани со изборот на брачен партнер) не се катастрофа, дека треба да бидеш авантурист, да пробаш нешто различно (овде не се мисли на швалерај), да веруеш у немогуќи идеи, пошто само од таму доаѓаат најголемите пронајдоци, визионерства и уметнички дела. Едноставно, треба да си играш со своите мисли и да фантазираш.
Детето у тебе вика „Рипај у вода на г’з пошто ти е фуфка на глаа и нема везе што си кељав, длакав и дебел”, додека возрасниот у тебе промрчуе „Немој бе да се резилиш, сите те гледаат”. Остај го да ти се јавуе одвреме навреме, па макар и секој ден. Гарантовано ќе ти го улепша денот.
Детето у тебе знае што е љубов. Одма може да ја процени онаа чиста и искрена, онаа без калкулации и интереси. Ако детето у тебе не е присутно, љубовта стануе Excel табела со ќар и зијан и твоја једина дилема е „Дали се исплати да се дружам со оваа фаца?”, додека у спротивно само ќе си кажеш „Ај да си играме!”.
Да го остаиш детето да живи у тебе не значи дека со ранче треба да идеш на работа, да бараш слободна љуљашка у парк или да лепиш мастики у лифт. Тоа значи дека ќе си имаш свој личен психијатар за цел живот.
И само уште нешто, ако си го убил или ти е пред умирање (се мисли на детето), деноите ќе ти се сведат само на:
- Да му купам нови батерии на апаратот за мерење притисок.
- Да најдам кај има најефтин омекшивач „Планинско јутро”.
- Да се јавам у утринската ТВ емисија и да им се наебам мајке.
- Да ги изглеам сите вести од пет поручек до смрт.
- Од дневни активности признаам само јадење, спиење, кењање и „кењање”.
- Штокур ќе идам со школскиве другари на свадба кај на Вики синот. Едни те исти муабети. Боље да си глеам „Само вистина” со Љубомир Гајдов.
За „Дебар Маало Тајмс” пишуе на скопски : Зоран Спасов Sоф