За Кафанцките Работи

Ние тука се собравме да се напиеме.

Па да се напиеме затоа што се собравме!

– Што ти кажа сопругата кога пијан пред зори се врати дома? – Ништо. А овие два заба и така мислев да ги вадам.

– Знаеш ли дека алкохолот годишно убива 1000 Македонци? – Што ми е гајле, јас не сум се изјаснил како Македонец.

– Кога ќе умрам, да ми го полиеш гробот со едно литро ракија. Важи? – Добро. А важи ли прво да ја провлечам низ бубрезите?“

Нигде нема како нашиот маалски шприцер. Вистината се разредува со минерална вода, а лагата со уште по една ракија. Кафаната е најдемократска институција. И политичарите и мајсторите пијат од исти чаши.  Секое друштво во кафеана има свој филозоф. Тоа е оној што нема пари да плати. Оваа институција има многу предности, но едната е клучна. Доколку ве набркаат од дома, нема белки да одите во библиотека или музеј? Во кафаната секогаш ќе најдете рамо за плачење. Таму има и самонабркани. Тоа е мала, ама сепак утеха за секого.

За голема жал на многумина, умре една традиција позната по омилената реченица: „Што пие кафана?“ Судбина. Дојде време кога сметката во кафана е подолга од животот.

Го репризираме текстов затоа што сега имаме многу повеќе нови од стари читатели. Скопјани се познати по три олимписки дисциплини: фудбал, гулабарство и риболов. Сум учествувал во сите три, со променлив успех. Некогаш бев лош, друг пат очаен а трет пат катастрофален. После јас и многумина како мене, преминавме во драматурзи и колумнисти, заради слабата конкуренција.

Кљамчат со саати двајца рибари без дозвола за ловење и конечно едниот прашува: „Како ти се допаѓа ова тајно место?“ Другиот: „Изгледа толку е тајно што и рибите не го знаат!“

Риболовот е на изумирање од повеќе причини. Првата е природна. И рибарите умираат, зарем не? Другите причини се вештачки. „Чуварите“ на водите со риби се големи љубители на риби а уште повеќе нивните многубројни гости. Им доаѓаат масовно дома за да направат чест на рибите. Тие што не знаат за спортски риболов ги ловат рибите со мрежа. Поамбициозните „рибари“ користат и динамит и тоа го сметаат како патриотска одбрана на домашната трпеза. Во сите европски држави за ловење од брегот не треба рибарска дозвола. Во нашиве „туристички“ езера омразената дозвола чини 4.500 денари! Многумина престанаа да бидат рибари и се преквалифокуваа. Станаа муштерии на најблиските рибарници. Ама и таму, газдите на рибите ги дигаат цените ко крвен притисок.

Море јади си пржени лепчиња, никој да не те заебава!

 

Scroll to Top