Авионска бомба најдена во Кавадарци

Вчера во Кавадарци, на градилиште на улицата „Нов Белград“, беше пронајдена корозирана авионска бомба. Случајот го пријавил 39-годишниот Т.Д. од Кавадарци.

На местото излегла увидна екипа од ОВР Кавадарци, а денеска бомбата била безбедно подигната од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола.

Scroll to Top