Алиу: Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека Владата, на последната седница, донела одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со оваа одлука, вели Алиу, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје и решавање на деценискиот проблем во паркингот кај клиниките.

„Станува збор за одлука за давање под закуп на недвижни работи со непосредна спогодба со Град Скопје заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралишта во просторот на Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Во следната фаза, Град Скопје ќе започне со проектирање и изградба на катните гаражи и инфраструктурно уредување. Договорот ќе биде склучен на 15 години со закупнина во висина од 10 проценти од вкупниот проме“, рече Алиу.

Тој додаде дека со ова ќе се овозможи модернизација и зголемување на капацитетите за паркирање на клинички.

Scroll to Top