Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел „М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.







