По силното невреме што на 1 јули го зафати Скопје и предизвика материјални штети на домови, деловни објекти и возила, онлајн пријавата на штета https://crosig.mk/prijavi-steta на Кроација Осигурување друштво за неживотно осигурување им овозможи на осигурениците брзо, едноставно и безбедно да ги пријават штетите токму во моментите кога им беше најпотребна поддршка и навремена реакција.
Повеќе од 70% од пријавените штети беа поднесени онлајн, што ја потврдува довербата во дигиталните услуги и ефикасноста на онлајн пријавата на штета.
Нашите тимови реагираа веднаш по приемот на пријавите. Дури 99% од предметите беа преземени во обработка истиот ден, при што контактот со осигурениците и увидите беа реализирани во најкраток можен рок. Дел од штетите беа исплатени веќе во рок од еден ден, а останатите се обработуваат согласно потребната документација и природата на оштетувањата.
Кога е најпотребно, дигиталните услуги прават вистинска разлика – овозможуваат побрза обработка, побрза проценка и побрза исплата на штетите.
Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација Осигурување.
(ПР)







