Утре, 1 октомври, во 12:30 часот, во компанијата „Костал“ во Охрид ќе се одржи показна вежба за евакуација во услови на земјотрес и пожар.
Вежбата е од превентивен карактер и има за цел подобра координација и поефикасно заедничко делување на тимовите од надлежните служби при брза реакција во случај на земјотреси и пожари, како и намалување на негативните последици од вакви настани.
Во организацијата и спроведувањето на вежбата ќе учествуваат Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други надлежни служби.







