(Видео) Велјановски: Според ревизорскиот извештај на ДЗР, само 0,12% биле платени за градба, ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д

За Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри и со проценета вредност од 1,3 милијарди евра, ДЗР утврдил дека заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на градба, што покажувало отстапување од планираната динамика, јстакна на прес-конференција Aлександар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, додаде тој,ревизорите утврдиле сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

„Затоа СДС и ДУИ мора да одговорат: Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? Каде и за што се трошеле парите? Зошто се доцнело со реализацијата? Кој бил задолжен да ја контролира динамиката и трошењето на средствата? И зошто државата плаќала милионски провизии додека средствата останувале неповлечени, а проектите доцнеле“.

Ова се прашања на кои, како што рече, јавноста заслужува одговор.

„Особено денес, кога може да се направи јасна споредба.

Денес се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На Гостивар–Букојчани напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, а градежни активности има на околу 14 од 17,5 километри на Тетово–Гостивар“.

Тоа, според него, покажува дека проектите можат да се реализираат кога институциите работат и кога има контрола врз реализацијата.

„Но сегашната изградба не ја брише одговорноста за она што се случувало претходно.

Затоа бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР.

Да ги испита договорите, исплатите, провизиите и динамиката на реализација, и да утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за управувањето и контролата на проектот“.

Scroll to Top