Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, извести дека денеска на нотар дала изјава дека не поседува никакво друго државјанство, освен македонско. Таа ги повика нејзините колеги пратеници да го сторат истото, за да се види, како што вели, дека е став, а не популистички потег.
„Ниту сум поседувала, ниту поседувам во моментов друго државјанство, освен македонското. Барам од сите пратеници да го направат истото, со цел да покажеме дека промените треба да почнат од сите нас и дека немаме двојни аршини“, порача Зајкова.







