Младите од СДММ бараат одговорност за, како што велат, срамот со „Секси мама” и сквернавење на Македониумот.
„„Секси мама“ за Македониумот, спот за 500 евра. Срамно рушење на достионството во режија на ЗНАМ и ВМРО-ОКГ! Ваков однос кон споменик на културата е недозволиво. Прво му ставија окови сега го сквернават споменот на Никола Карев и Крушевската република. Не е важно од каде е раперот, важна е содржината и суштината. А важно е кој дозволи. Одговорност мора да има. Ние, младите социјалдемократи бараме смена на директор од ЗНАМ. Спомениците се нашето културно и историско богатство, не се шиткаат за 500 евра и за Секси мама туку се чуваат“, велат од СДММ.
фото/СДММ/Facebook







