(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната мафија, СДСМ и ДПМНЕ функционираат како едно, велат од Левица.

И покрај сите аргументи и предупредувања од Левица, од партијата нагласуваат дека советниците на Широката коалиција здружено го изгласале спорниот Нацрт-ДУП за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје.

„Левица до последен момент се спротивставуваше на овој урбанистички план. Советниците на СДСМ и ДПМНЕ беа повикани да гласаат според сопствената совест, а не по партиски директиви. Беше истакнато дека е недозволиво интересите на неколку моќници повторно да бидат ставени пред интересите на илјадници граѓани и побаравме граѓаните директно да се изјаснат преку референдум за иднината на овој простор“.

Левица со предупредување дека е апсурдно да се носат нови урбанистички планови за Водно во услови кога со години јавноста е сведок на предупредувања за свлечишта, прекумерна урбанизација и сериозно нарушување на природната рамнотежа. Наместо заштита на јавниот интерес, владејачкото мнозинство, додаваат од оваа партија, избра да ги заштити интересите на оние кои одамна го гледаат Водно како простор за профит.

„Со изгласувањето на овој Нацрт-ДУП се отвора можност приватни инвеститори да добијат градежни дозволи и да ги реализираат своите планови за изградба на луксузни објекти на Водно. Наместо интересот на граѓаните и заштитата на природното богатство, повторно предност добија интересите на капиталот и градежните лобија. Желбите на маклумина моќници надвладеа над потребите на граѓаните.

Повеќе од јасно е дека жителите на Центар се против ваква одлука. Владејачката коалиција на СДСМ и ДПМНЕ буквално ќе ја забетонира секоја педа само за да ги задоволи интересите на нивните најголеми сојузници, односно нивните бизнис-партнери“.

Scroll to Top