(Видео) Темелно се чисти коритото на Вардар, објави Ѓорѓиевски

Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот на Скопје, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„Изминатиов период, во тек е голема, координирана акција за расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје, заедно со пешачките и велосипедските патеки долж кејот.
Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото.

Вардар е симбол на Скопје, негов белег и простор што им припаѓа на сите граѓани.
Ова не е еднократна акција, туку трајна практика“, пишува Ѓорѓиевски.

Кејот, како што додава, се одржува секојдневно, затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден и достоинствен град.

„Апелирам до сите граѓани да го чуваме она што е наше заедничко.
Реките, парковите и јавните простори се огледало на сите нас.
Вардар повторно ќе блесне со сјајот што му доликува на Скопје.

Scroll to Top