(Видео) Филипче: Владата призна дека СДСМ бил во право со мерките, но предоцна реагира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

Филипче посочи дека доколку се прифателе мерките на СДСМ навреме, немало да има големо поскапување на цените на горивата и на храната.

„Се поставува прашањето зошто сега, и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период. Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал“, рече Филипче.

Според него, граѓаните биле оставени сами да се справуваат со кризата.

„Пред кризата, белиот леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче кажа дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогне на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

„Има зголемување на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат. Сега ни онаа минимална плата која што ние ја предлагавме, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

Scroll to Top