Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширење заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните.
Активноста се спроведе согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје.
Навременото третирање е клучно за спречување на масовна појава на комарци во летниот период. Градот Скопје продолжува со системски, навремени и одговорни активности за заштита на граѓаните.
Во следните денови ќе се реализираат уште две фази од дезинсекцијата, со цел целосна и ефикасна заштита на територијата на градот“, соопшти градоначалникот.







