Влен: ДУИ си ги пере гревовите со Артан

Наместо да добиеме одговор дали Артан Груби ја трампа својата слобода за мрачните тајни на ДУИ, денес сме сведоци на нов обид за пренасочување на вниманието на јавноста. ДУИ крева галама за документите во Владата, а фактите ѝ ја расипуваат приказната. Токму Артан Груби, додека беше прв вицепремиер, потпишувал службени одлуки само на македонски јазик. Потписот му стои таму, црно на бело, реагира Влен на објавата на ДУИ.

„Животот во опозиција толку ги удрил во глава што веќе не знаат што бројат. А кога пред нив ќе се појават документите со потписот на Артан Груби, одеднаш се прават наудрени.

Ако навистина им е гајле за законот и одговорноста, нека престанат да бројат седници и да продаваат магла. Нека му се придружат на нашиот повик до Обвинителството и нека побараат јасен одговор до каде е случајот со наводите поради кои Артан Груби заврши на американската црна листа?

Ама токму тука на ДУИ ѝ се прекинува филмот.
Наместо сега сите свои гревови да му ги фактурираат на Груби, нека побараат заедно со нас Обвинителството да каже каде заглави неговиот случај. Или се плашат дека заедно со него ќе се отвори и црната кутија на ДУИ?“, се вели во соопштението.

Scroll to Top