Влен: Пет политички субјекти стануваат една партија

Коалицијата „Влен“ соопшти дека пет политички субјекти ќе се обединат во една политичка сила, најавувајќи нова фаза на консолидација на албанскиот политички блок во земјата.

Од „Влен“ порачаа дека, според нив, завршува периодот кога албанската политика била „приватна сопственост на корумпирана клика“ и кога мал број луѓе одлучувале во име на сите Албанци.

„ВЛЕН се обединува во една политичка сила. Затоа што само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри.
Пет политички субјекти стануваат едно. Пет политички субјекти стануваат едно. Влен“, наведуваат од коалицијата, оценувајќи дека само обединета и дисциплинирана политичка сила може да го заштити албанскиот политички глас.

Од таму додаваат дека нивната обединета платформа ќе се темели на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски интеграции, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата и културниот идентитет.

 

Scroll to Top