Влен: Сарај влегува во меѓународната агенда

„Општина Сарај влегува во ново поглавје на афирмација и меѓународна соработка. Посетата на вршителката на должноста на САД во нашата земја, Нејзината екселенција Николе Варнес, претставува значаен момент што сведочи за зголеменото внимание и почит кон оваа општина“, велат од Влен.

„Оваа посета доаѓа по претходната посета на амбасадорот на Европска Унија, Микаел Рокас, со што Сарај за првпат се позиционира на агендата на клучните меѓународни фактори. Овој развој е јасен сигнал дека Сарај се претвора во референтна точка за дијалог и соработка.

За време на средбата се разговараше за политичките случувања во земјата, како и за процесот на консолидирање на ВЛЕН, која се движи кон формирање како заеднички политички субјект, со кулминација на Конгресот на 9 мај. Сарај денес, со Мухамет Елмази, покажува дека има капацитет, визија и посветеност да биде активен дел од одлучувачките и меѓународните процеси. Ова е само почеток на еден нов пат кон афирмација и развој“, соопшти Влен.

Scroll to Top