ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури

Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност. Таквото однесување на талогот на СДС, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека во изминатиот период биле пласирани тврдења поврзани со безбедноста на водата во Скопје, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, со факти, документи и докази беа демантирани од надлежните институции.

„Во меѓувреме, последните испитувања во Гостивар покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење, а институциите продолжуваат да ја следат состојбата. Наместо да ги поздрави информациите дека проблемот е надминат, предавничката СДС и талогот кој останал во неа, продолжува со обиди да создава сомнеж и вознемиреност кај граѓаните. Тука се поставува едноставно прашање, зошто на СДС му смета и се спротивставува на секое потврдување дека институциите функционираат и дека проблемите се решаваат? Многу е очигледно дека, без конкретна политика и решенија, со многу проблеми, во страв и хаос, СДС единствено се обидува од секоја тема да создаде политичка криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „граѓаните заслужуваат точни информации и факти, а не сценарија за создавање страв и паника кои ги креираат пајташите на СДС, и тоа додека Венко Филипче со неговиот ментор, Зоран Заев уживаат на јахтата во Паљури, во Грција“.

Партијата додава дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, состојбата се следи, а политичкото профитирање преку ширење паника не може да ја замени одговорната политика.

 

Scroll to Top