Двајца браќа пријавени за насилство врз сопругата и членови на семејството во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Н. (30) и С.Н. (32), двајцата од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според пријавата, на 28 јули 2026 година, во семејна куќа во Штип, првопријавениот, заедно со својот брат, физички ги нападнале неговата сопруга и блиски членови на семејството, при што им упатувале и закани.

За случајот е поднесена кривична пријава по целосно документирање на настанот.

Scroll to Top