Двајца мажи од Гевгелија пронајдени починати во нивните домови

Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија. Истиот ден во ОВР Гевгелија во 16:35 часот било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Scroll to Top