Вчера во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, во атар на село Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од село Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од село Аргулица, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.







