Двајца 51-годишни мажи се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи што се случиле при извршување работни задачи во пробиштипско и скопско.
Како што информира МВР, во 16:45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен Г.С. (51) од селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипско.
Истиот ден, во 17:04 часот, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М. (51) од селото Батинци. Според информациите, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма во селото Сопиште.
Во двата случаи бил извршен увид од полициски екипи, а за несреќата во Сопиште бил известен и трудов инспектор.







