Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, освоивме 8,69% од гласовите и обезбедивме советник во Советот

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи, Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените.

За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува како што велат дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.

„Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби“.

Scroll to Top