Додека го чистел оружјето, си нанел прострелна рана: маж од пробиштипско пренесен на Клиника

На 2 април попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана.

Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција.

По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот ден, на место викано „Чукар“, во атарот на селото Марчино, додека мажот го чистел своето ловечко оружје.

Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска грижа.

Од местото на настанот била подигната ловечката пушка со патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Се преземаат мерки за негово расчистување.

Scroll to Top