Дождлив продолжен викенд за празничниот 1 Мај

Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време, со повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе има изолирана, а в среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

-Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање, информира УХМР.

Scroll to Top